Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости

Секој го бира својот пат, ако мојот беше низ неколку града, за на крајот (или на почетокот?) да се скрасам во Кавадарци, или ако мојот пат соучествуваше низ синтагмата на Тин Ујевиќ „побратимство на лица низ свемирот“, тогаш, својствено, низ ликот и делото (преточено во фотогарфија) на кавадарчанецот, ги гледам работите и стварите на нашата македонска духовност, ако веќе го погодувам жанрот, а ако не – се извинувам – јас сум тука само набљудувач на една егзистенција (духовна, љубовна, пријателска, филозофска…) преточена во сликите Егзодус , на авторот Галапче Галапчев од Кавадарци.

На 10. 10. 2014 година, во музеј-галеријата во Кавадарци се’ одржа изложба насловена како Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости. На покана на мојот пријател Галапче Галапчев и неговата изложба-фотографија, Егзодус, ред е да кажам дека ова е субјективна интерпретација и авторско дело, далеку од сите оние декларативни културни информирања: тамо и тамо, во толку и толку, тие и тие.
Редовно ме повикува на манифестација, на изложба, на било која културна дешавка. Што од мрза, што од „меланхолија на лична егзистенција“ или, било која причина, секогаш му велам дека ќе дојдам, ама никако да појдам: но, вчера, Галапчев ме трогна до најсилните пориви на мојата духовна егзистенција (љубовна, филозофска, пријателска…): човекот направил фотографија која трансферира „неколку егзистенции“: лични, се разбира. А како поинаку? Дали е возможно да се работи било кое дело надвор од личниот порив, односно дали е возможно да се работи било кое уметничко дело надвор од своето помање за светот и другите во него? 

За што е човекот способен кога ќе му се пружи слободата, дали ќе прибегне кон насилие, деструкција, дали ќе се втурне на стварање на пекол, овде и сега, или ќе се насочи кон креативност, се’ прашања кои ги окупираа моите мисли додека разговарав со овај кавадаречки господин, креативен уметнички сензибилитет.

На што ме поттикна неговата фотографија? Најпрво, тоа е слика, како што вели самиот Галапчев, на неговиот дедо, братот негов и првиот братучед, кои се црврсто решени, во почетокот на минатиот век, од Солун, со брод заминуваат за Њу Орлеанс на печалба. Низ сликата, понатаму, се мултициплираат луѓето: од тројца стануваат шест, од шест – девет… Поривoт на авторот лежи, колку што самиот можам да проникнам – во некој егзодус, кој не е ниту лош, а ниту добар. Самиот автор низ сликата на своите претци, транцсферира и слика, споменици и симболи кои претставуваат далечина: Белград, Лондон, Њу Јорк/Вашингтон. Дали тоа е празинината на авторот која го натерала да ствара и биде креативен, веројатно е така. Но, неговата фотографија буди и мои лични празнини, нели, слушајќи и’ гледајќи го неговиот уметнички порив изразуваќи го низ фотографија. 

Секое дело, било да е илузија или надеж, е секогаш работа на една „епоха“ (било лична, било колективна), која во некој временски период се’ распаѓа, па повторно се’ гради. Денес живееме во епоха која ужасно брзо се движи, така што илузиите се позади нас, па поради тоа не се чувстуваме лошо што не можеме да ги најдеме, туку затоа што не може да најдеме други. За човекот да ја сфати креативноста, поривот кој го тера да ствара, не мора да биде во Лондон, Белград или Њу Јорк/Вашингтон, доволен е Кавадарци, доволно е да сфатиш дека секој го бира својот пат, дали јас мојот, дали Галапче својот, дали неговите деца својот… И да се вратиме погоре: на крајот на краиштата секој го бира својот пат; мојот и на Галапче се’ спои низ фотографија; на некои други, низ други нешта, но, ми се чини, добро е да се сфати, било да се неговите дедовци, било да се неговите деца раштркани низ светот, добар е порив за креација, бидејќи не може се’ да се каже низ зборови, а и не треба!– делото може да се прикаже низ слики и’ илустрации. Фала му за убавото време кои го одвои за мене и фала му за убавото претпладне поминато во Музејот на град Кавадарци. 

„Убаво е, добро е“, велеше И. Пртењача. Е, тоа ми се чини е најважното. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.