Мизерија, во болницата во Неготино инјекции ставаат хигиеничарките!

Министерот Тодоров, според нив, објаснил дека штом имаат болница во пречник од само 10 километри (Кавадарци) оваа немало потреба да работи и да прави трошоци.

“Имавме гинекологија. Сега за породување неготичанките мора да одат во Кавадарци. Објектот на болницата иако е во одлична состојба сега е празен.Медицински персонал речиси и нема” – тврдат читателите на Либертас.
Според нив болницата ја одржуваат само неколкуте хигиеничарки кои кога било зорт ставале и инјекции.

“Се извежбаа да ставаат инјекции и кога ќе ги замолиме ни ставаат за да не одиме до Кавадарци или во приватните амбуланти” – откриваат нашите извори.

“Којзнае, ако имаме среќа, можеби Тодоров планира да ни донесе лекари од странство, тие што ги најавува, но моментално сме оставени на милост и немилост и спасот ни е болницата во Кавадарци” – велат тие и додаваат дека засега ги молат барем хигиеничарките да им стават инекција, барем за тоа да не одат до Кавадарци или во итната помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.