(Видео) Митко Митевски од Кавадарци вели дека ќе се замозапали ако треба да враќа пари на МВР!

Воениот инвалид, Митко Митевски од Кавадарци, вчера пред Министерството за внатрешни работи се закани дека ќе се самозапали доколку треба да ја враќа отштетата од 50.000 денари што ја земал од државата како повреден во падот на хелихоптер за време на воениот конфликт во земјава, на 17 март 2001 година на Попова Шапка.

МВР бара од Митевски да ги врати парите по основ на противправно богатење со законска камата, а тој објаснува дека одлуката не ја донел тој, туку судот.

– Дали оваа држава е за некого мајка, а за некого маќеа. Затоа што на други колеги им ги сопреа тие тужби. Имаше колеги кои добија поголема оштета , за нив МВР не се жалеше воопшто. Ако треба да ја враќам, ќе дојдам тука, ќе се запалам и готово – изјави воениот инвалид.

Во последната таканаречена “бомба” која ја објави опозицијата токму еден од разговорите меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска е во тој контекст, односно Јанкулоска бара од Мијалков да се ургира односно МВР да изгуби судски спор за еден од бранителите на Република Македонија за кој државата му платила оштета а сега си ги бара парите повторно назад. Срам невиден. Слушнете од аудио снимката.

А1ОН

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.