Митко Јанчев разочаран од резултатите на терен, тензии во штабот на ДПМНЕ???

Тензично во штабот на ДПМНЕ Кавадарци, Јанчев терал се по список

Како што се приближува 15 октомври денот на оддржување на локалните избори така растат и тензиите по партиските штабови. На социјалните мрежи на фејсбук групата “Кавадарци Протестира” е објавена внатрепартиска преписка од одржан состанок на најтесното раководство на ДПМНЕ од Кавадарци.

Имено, кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Митко Јанчев, бил крајно разочаран од резултатите на терен. Својот револт го пренесил на состанок на кој биле присутни членови од најтесното раководство.

За релаксирање на атмосферата задолжен бил советникот Сотир Костов кој бил пратен директно од шефот Груевски за да ја спаси ситуацијата, да ги храбри присутните на извршен и во обид да им даде малку мотивација.

Како што пренесуваат социјалните мрежи, Александар Панов кој бил назначен за втор советник на Јанчев го водел состанокот и тој се обидувал да го храбри кандидатот Митко Јанчев, но сето било залудно. Пеливанова Вилхелм не била присутна на состанокот која периодов била видно разочарана бидејќи иако е шеф на штаб никој за ништо не ја консултирал.

Претседателот на месната заедница Киро Крстев, Љупчо Митрев, и тој револтирано го напуштил состанокот.

На Јанчев му било дојдено преку глава и побарал авионска карта да одлетал некаде до 15-ти октомври токму поради разочарувањето од резултатите на терен.