Митинг на СДСМ во Кавадарци! Кој згрешил на 15-ти има поправен на 29-ти!

Централен митинг на СДСМ и Бетиане Китев на градскиот плоштад во Кавадарци

Бетиане Китев, кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на Социјал-демократскиот Сојуз на Македонија ги поканува сите негови сограѓани на централен митинг на градскиот плоштад во Кавадарци.

Под мотото “Живот во Кавадарци”, Китев вечерва, 25. октомви со почеток од 20 часот на градскиот плоштад ќе ја побара поддршката од сограѓаните да го заокружат бројот 19 а со тоа и да ги заокружат и промените во оваа општина.

Почитувани сограѓани, време е Кавадарци да застане на победничката страна, на страната на животот и промените. На страната на која застана цела Македонија! Да ја потврдиме нашата заложба дека и Кавадарци конечно ќе го трасира патот на развојот и просперитетот. Токму со таа цел, Ве поканувам на големиот централен митинг за Живот во Кавадарци. На 29-ти октомври да ги заокружиме промените и во Кавадарци!, повикува Китев.