Мита Ристиќ со изложба во Кавадарци

Ликовниот уметник Мита Ристиќ од Врање, во неделата (28.09) во домот на културата “Иван Мазов-Климе” од Кавадарци, пред кавадаречката јавност се претстави со новиот циклус масло на платно со што промовира нова техника на сликање.

Со исклучителна колоритност и топлина на бои во своите платна тој расакажува тродимензионално преку своите апстрактни пејсажи за минатото и сегашноста. Всушност одамна минатото време Ристиќ преку својата креативна умешност за создавање тој повторно го оживува и го прави достапно до свесното сознание на набљудувачот.

Изложбата ја отвори Петар Наневски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.