Мистериозните структури во Амазон кои ги збунија научниците

Првата ваква структура беше забележана пред неколку месеци од страна на Трој Александер, студент на Универзитетот Џорџија Тек. Трој ги открил овие бизарни формации на дното на реката во близина на Истражувачкиот центар Тамбопата во Перу.

Откако ја открил првата, наишол на уште три идентични структури во џунглата. По ова откритие, Александер ги поставил своите фотографии на Интернет во обид да го открие нивното потекло. Неколку месеци подоцна, Трој сè уште не успеал да дојде до одговорот.

Фил Торес, биолог во Истражувачкиот центар Тамбопата исто така поставил линк од фотографиите на својот Твитер профил со цел да дојде до одговорот на прашањето за откритието кое и него во целост го збунило.

Вилијам Еберхард, ентомолог на Институтот за тропско истражување Смитсонијан, за веб страницата на институтот изјави дека ниту тој нема идеја што би можело да ги создаде тие структури ниту што тие претставуваат.

За сега, овие бели кули опкружени со бела ограда остануваат мистерија.

 

 

 

 

 

Погледнете го видеото со фотографиите од мистериозните структури во Амазон:

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.