„Мисли на пазар – не само на субвенции“, тркалезна маса за тиквешкиот земјоделец

“Рурална Коалиција” во периодот јули 2015 до јуни 2016 го спроведува проектот „Коалиција за правични и транспарентни земјоделски политики“ преку кој ќе биде промовирана брошурата „Мисли на пазар – не само на субвенции“.

По повод промоција на брошурата организираат тркалезна маса, на која се поканети земјоделци, преработувачи, трговци, подрачни единици на Министерство за земјоделство и регионални центри на Агенција за потикнување и развој на земјоделство.

Целта на оваа тркалезна маса е да се запознаат сите чинители во секторот земјоделство, со проблемите кои ги маат земјоделците при производство и барање пазар за своите производи како и производните цени на домат, пченица и грозје.

Се покануваат земјоделците од тиквешијата, денес,  25.02.2016 г. со почеток во 15 часот, во Ресторан „Ексклузив” ,Кавадарци да присуствуваат на тркалезната маса.

Оваа активност е дел од проектот „Коалиција за правични и транспаретни земјоделски политики“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.