Мир(ка)

Падна договор.
Уште малку време си дадоа.

Народот е нашата сила.
На мала душа е.

Нештата станаа појасни.
Надвор од фокусот сме.

За црни режими има колор револуции.

Борбата продолжува.
За функции.

Им се лути на преговарачите.
Не го ставиле во пакетот.

За нас ќе немало зима.
Пак лажат.

Комшијата нема кози.
Нека му живеат петуниите.

Сакаше многу да знае.
Дозна.

Конформизмот не се дели на градски и селски.

Бараме спогодба за радиодифузната такса.
Плаќањето ќе компензираме со гледање на ТВ.

Народот е државата.
Нека и е со среќа.

Таа мисли за здравјето на нацијата.
Колумните и се како хреновки.

Нe им се брза за избори.
Граѓаните ќе папсале.

Да се откажеме од него.
Го употреби уставното име.

Призна.
Партискиот противникот повеќе лажел.

Се определија за САД.
Кај Јелена Розга.

Принципиелни сме .
А за принципи не се разговара.

Треба да бидат фит.
Им должат на граѓаните.

Си подадоа рака.
Кризата ќе продолжи.

Времето е пари.
Си дадоа уште време.

Leave a Reply

Your email address will not be published.