Панов: “Министре, вчера си поднесив оставка на градоначалничката функција…”

Опозицијата ја објави и кавадаречката бомба. Одекна навистина силно и остави траен белег, што на поединци, што врз општеството. Кавадарчани фрапирани, разочарани, вчудоневидени…

Од аудио снимките јасно се слуша како силните партиски притисоци и наредби биле премногу дури и за кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, што биле причина да на само два дена пред локалните избори тој и официјално да си поднесе оставка. И покрај фамилијарните проблеми и нарушеното здравје, сепак на крајот Панов е предомислен од партиските структури дека неговата оставка е бесмислена и дека едноставно не може да се прифати. 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов

АП: Ало
МЈ: Е?
АП: Министре
МЈ: Ааа
АП: Значи само тебе ти се јавувам…болеста ми е колуминација …се разведувам со сопругата…и вчера си поднесив оставка на градоначалничката функција
МЈ: Како бе така Александар?
АП: Не можам више да издржам
МЈ: Чекај сега, два дена пред избори да му е… мајката
АП: Знам ама тоа нема да го знаат никој, само ти ќе го знаиш. Мислев да го праам тоа после избори меѓутоа не можев да издржам
МЈ: А шо ти е на болеста?
АП: Тоа е на нервна база, неам разбирање никакво дома од сопругата …не знам, се ми е хаос…сакав тоа да го направам во понеделник меѓутоа…
МЈ: Ама ајде ќе те олабајме, а кај, кај поднесе оствка?
АП: До локална, министерот за локална самоуправа. На писмено ја поднесох и ја пратив вчера
МЈ: Добро бе, ќе те изолирам од акционер
АП: За тоа ти се јавувам јас да знаиш дека…ако работам ќе бидам само штета сеа вака потонат пред луѓето
МЈ: Добро
АП: Подобро да се скријам настрана
МЈ: Ајде
АП: Ајде

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер

МЈ: Чисто сега да ти кажам да не излези, и се јавив на ??? да го земи барањето да го скрие, чисто да знаеш…сакав да ти кажам што се случува
МП: Шо да го скрие
МЈ: Барањето, да не излезе во јавност
МП: А зошто оставка да си поднесе?
МЈ: Е ајде де…со жена му се оставале, бил болен, не можел да ги издржи притисоците, вика сакав после избори, не можев да издржам и вчера си поднел оставка.
МП: Дај ми го бројот негов, ајде…прати ми го по порака ајде.
МЈ: 219 038
МП: Го имам, го имам ајде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.