Министерот Тодоров уверен дека еден ден Македонија ќе учествува во вселенските програми

Mинистерот Тодоров во своето обраќање пред европската здравствена елита посочи дека реформите во македонскиот здравствен систем не застануваат, а напредокот на европскио индекс го покажуваат тоа.

– Голема чест и привилегија е да бидам тука во својство на министер за здравство во Република Македонија и ја поздравувам можноста да се обратам “во срцето на Европа”. Минатата 2014 година беше одлична година! Година, кога цела Европа и целото човештво почувствува најголема гордост, добивање на една од најпознатите историски вести, а тоа е Розета Мисијата на Европската вселенска агенција и на Филае, што успешно слета на кометата 67П/Чирјумов-Герасименко. И покрај фактот дека Република Македонија во моментов не учествува во програмите на Европската вселенска агенција; ние чувствуваме екстремна радост за таквиот успех и јас навистина верувам дека ќе го видам денот кога мојата земја ќе учествува во програмите на Европската вселенска агенција, истакна на почетокот во своето обраќање министерот Тодоров.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.