Министерка која одговара на порачани прашања

 Таа направи се` за да ја избегне оваа тема која е очигледно непријатна за неа инсистирајќи, како што рече, на важноста на денешната промоција на млади уметниции за изработка на мебел.

-Обратете се до надлежните служби, и ќе добиете одговор, рече Милеска по  упорното обидување на новинари од Телма да добијат каков – таков став.

Телма се обрати до Министерството за култура уште пред неколку дена, но во Управата за културното наследство останаа без одговор зашто немаат на располагање инспектори кои на теренот би ја контролирале ситуацијата со топонимите кои кај нас се заштитени со закон и се прогласени за духовно и културно наследство.

Во последно време, и со очигледно одобрување на локалната власт тие не само што добиваат нов, албански превод, туку и комплетно поинакво значење како што е примерот со туристичкиот центар Попова Шапка, кој од неодамна е преименуван во Кодра е Диелит, што во превод од албански значи Сончева Долина.

Во Македонија има 3600 топонимски единици кои во најголемиот број се од словенско потекло. За нив важи прв режим на заштита кој подразбира нивно зачувување во изворна форма, но во пракса тоа очигледно не значи ништо. И покрај најавите, од Инспекторатот за транспорт и врски не е сторено ништо.

Единствената реакција за сега дојде од експертите од Инситутот за македонски јазик, каде потсетија дека според меѓународните конвенции, преименувањето на топонимите еднакво на сквернавење на верските објекти. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.