Градоначалникот Панов: “Вработеноста во Кавадарци е сосема солидна и е на европско ниво”

Агенцијата за вработување на Република Македонија, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, Општина Кавадарци и Министерството за труд и социјална политика организираа “Форум на работодовачи” на кој беа презентирани активните мерки за вработување пред работодавачите. На форумот беа претставени досегашните искуства од примената и идентификацијата на проблемите и потребите на бизнис заедницата.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, ја искористи оваа прилика да нагласи пред присутните дека вработеноста во Кавадарци е сосема солидна и е на европско ниво.

Меѓутоа кавадарчани не се согласуваат со оваа “половична” изјава на градоначалникот во насока дека кога веќе јавно настапува со податоци за малата невработеност (на европско ниво) во Кавадарци, редно е да се напомене и висината на примањата на неговите сограѓани. Оттаму и прашуваат дали градоначалникот има своја претстава како е да се живее со минимална плата од 8.800 денари во услови кога постојано се зголемуваат трошоците за живот? Дали кавадаречките плати кореспондираат со европските стандарди?

Leave a Reply

Your email address will not be published.