(Видео) Скандалозно: 1.000.000 денари одвоени од буџетот на општина Кавадарци за поддршка на провладините весници

Вистинска драма се случува во општинската зграда во Кавадарци кога е во прашање кроење на буџетот на општината.

Доколку сте во недоумица и не ви е јасно како тоа за провладините весници и медиуми нема криза, а во време на криза, еве ви најдобар пример на кој начин ВМРО – ДПМНЕ ги финансира своите провладини медиуми од парите на граѓаните.

Верувале или не, во извештајот од вториот квартал на буџетот на општина Кавадарци стои ставка која гласи “Расходи – за списанија, весници, и други изданија од страна на вработените“ а кои трошоци се предвидени од Буџетот на Општината. Станува збор за 250.000 денари за тримесечен период или вкупно 1.000.000 денари на годишно ниво. Во списокот на весници, списанија е и владиниот неделник РЕПУБЛИКА.

Оттука и тргнува математиката ако една општина како Кавадарци со годишен буџет од 11.000.000 евра може да одвои 1.000.000 денари за поддршка на владините медиуми, може да си направите пресметка колку финансии одвојуваат општините кои имаат и неколкупати поголем буџет. А во Македонија има поприлично многу општини.

По оваа точка на последната седница на советот на општина Кавадарци расправа отвори советникот Сашко Петров за тоа зошто само весниците кои се наклонети на власта се ставени на списокот предвиден од буџетот? Зошто опозициските весници како што е неделникот ФОКУС не се наоѓа на таа листа? Одговор од надлежните сеуште нема.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.