Милан и Сити во полуфиналето од Ауди Купот

Експедицијата на Манчестер Сити веќе се вратила од Азија, каде што го освои турнирот во Хонг Конг. Иако остварија неколку победи, врз противници од типот на репрезентацијата на Кина и Сандарленд, повеќе од јасно, и повеќе од очигледно е дека пред граѓаните има уште многу работа. Менаџерот Мануел Пелегрини сеуште ја бара добитната комбинација за неговиот тим, но исто така се надева дека ќе ја пронајде за време на овој турнир.
Ќе биде ова уште една шанса пред почетокот на сезоната тројката Фернандињо, Алваро, Негредо пак и Хесус Навас да добијат доста простор за игра и да ги покажат своите квалитети, а со тоа и да се уиграат што е можно повеќе.
Составот на Милан оваа сезона влегува со големи очекувања. За време на летниот преоден рок немаше многу купувања и продавања во екипата на Милан.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.