Стефано Маури и уште седум играчи на Лацио се обвинети за местење натпревари

Обвинетите фудбалери ќе мора да се појават пред државниот обвинител на 24.јули, со оглед на тоа што на истражителите им се сомнителни две средби, онаа во претпоследното коло и претходно спомната меѓу Лацио и Џенова, како и натпреварот од последното коло меѓу Лацио и Лече. Интересно, и двете завршија со победи на Лацио од 4-2.

Тужителот Роберто ди Мартино тврди дека обложувачите заработиле околу 2 милиони евра, а дека играчите ги подмитиле со 600.000 евра.

И со оглед на тоа дека тужителот тврди дека има несоборливи докази, Италијанскиот фудбалски сојуз најави можност на Лацио, Џенова и Лече веднаш на почетокот од новата сезона да им бидат одземени бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.