Meша Селимовиќ: За власта

Поради неа се убива, поради неа се гине, поради неа се губи човековиот лик. Неодолива е како волшебен камен, бидејќи прибира моќ. Таа е дух од Аладинаовата ламба, кој служи на секоја будала која го држи. Одвоени, не претставуваат ништо, заедно, се коб на овој свет. Поштена и мудра власт нема, бидејќи желбата за моќ е безгранична.
Човекот на власт го поттикнуваат кукавици, го бодрат ласкавците, го подржуваат крадците, и неговата претстава за себе секогаш е поубава од вистината. Сите луѓе ги смета за глупи, бидејќи пред него го кријат своето вистинско мислење, а себе си го присвојува правото да знае се, и луѓето тоа го прифаќаат. Веднаш создаваат вечни закони, вечни начела, вечно истрајување, и поврзувајќи ја власта со бога, ја зацврстуваат својата моќ. И никој не би ги соборил, ако не почнат да им сметаат на другите моќници. Ги рушат секогаш на ист начин, објаснувајќи го тоа како насилство против народот, а сите се насилници, и предавтсво према владарот, а никому тоа не му паѓа на памет. И никого тоа не вразумило, сите трчаат по власта, како ноќни пеперутки на пламенот од свеќата.
Дали сите босанси валии се затворени, протерани или убиени? И целата нивна свита. А секогаш доаѓаат нови, и донесуваат своја свита, и ги повторуваат глупостите на своите претходници, бидејќи поинако не можат. И така, во круг, постојано. Без леб народот може да остане, без влас несака. Таа е болест на народното тело, како шуга. Кога еден дел ќе отпадне, израснува друг, уште погрд. Не можете без нас, им велат, би се намножиле разбојниците, непријателот би не нападнал, би настанал неред во земјата. А кој ја држи оваа земја, кој ја храни, кој ја брани? Народот. А тие не глобат, казнуваат, затвараат, убиваат. И уште ги тераат нашите синови тоа да го прават. Тие без вас не можат вие без нив морате. Тие се малку, ние сме многу. Само со прст да мрднеме, колку што не има, тие гадови не би постоеле. И ќе го направиме тоа, браќа мои сотрени, штом пораснат вистински луѓе нема да допуштиме вампирите да им седат на врат.

 

 

Превод: К. Попова

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.