Меркел повторно со критики до Москва за украинската криза
Таа, без да го спомнува кршењето на прекинот на огнот во Источна Украина, синоќа рече дека германската Влада, европските влади, Германија и Франција нема да попуштат во тоа да направат се што е можно за територијалниот интигритет на Украина и можноста земјата да оди по својот пат.
– Москва со анексијата на Крим го прекрши меѓународното право, рече Меркел додавајќи дека сепак владите на земјите од ЕУ би сториле се за Русија повторно да биде партнер на Европа.