Меморандумот може да ја надмине Декларацијата од 17 септември 1991 год

Усогласениот Меморандум за исполнување на стратешката цел -евроатлантските интеграции на РМ треба да биде потврда на Декларацијата од 17 септември 1991 год. донесена од Собранието на РМ, како и потврда на највисокиот правен акт -Уставот на РМ.

Тоа ќе ги загрижи сите оние кои на овој чин на усогласување гледаат чекор напред.
Меморандумот дава доволно јасна рамка како сакаме да ги регулираме и меѓусебните односи со соседните држави.
Отстапувањето од него не може да донесе “нова сила” во тој правец. Сега, останува да видиме дали настаните после неговото потпишување одат во правец на заземениот курс кој го поставиле парламентарните партии и сите оние кои гледаат во него “искра надеж” дека ќе се направи позначаен исчекор на полето на евроатлантските определби.

Понудениот Меморандум од владејачката партија треба да биде патот како може да се обезбеди конструктивност и постојаност во следењето на активностите и со наметнатиот спор за името со Република Грција.Таквиот чекор од нивна страна не треба да заврши тука.Последните реакции,а најверојатно и процени на раководството на СДСМ е дека сакаат да се вклучат “во процесот”.Тоа е нивното барање да бидат запознати “до каде сме со процесот” кој се води под медијаторство на Нимиц и ООН.Тоа дава друга димензија во внатрешно-партиските односи кои би можеле да се градат во правец на приближување на позициите кои можат да донесат поволен исход во спорот.

Не сум сигурен дека е можно запознавање со сите детали од преговарачкиот процес,тоа е сепак работа на главниот учесник (читај-владата), но охрабрува што СДСМ сака да го скршат “монополот”.Таквото барање носи и поделена одговорност.Тоа би требало да им биде јасно на СДСМ,како и на сите останати кои мислат дека можат да “ќарат”.Таквото заедничко седнување “на иста маса” треба да започне со првиот чекор кој треба да го направи партијата на власт и владата која ја предводи Груевски.Мислам дека не е нормално дека тоа треба да го прави опозицијата или СДСМ,иако во последно време некои прават и таква “математика”.

Меморандумот за исполнување на стратешката цел кон евроинтеграциите е чин кој по важноста може да ја надмине и Декларацијата од 17 септември 1991 год.Искуствата кои беа стекнати,па и пријателствата со важни и влијателни држави,но и некои претходни предизвици кои беа надминати,треба да им даде нова сила на релевантните политички актери.
Ќе видиме колку овој Меморандум може да донесе единство по најважното,но и најосетливото прашање.

Во наредните месеци Груевски треба да покаже храброст и да им го “препрочита” меморандумот на сите оние кои гледаат опасност од можна нова страница во развојот на државата. Ќе треба да покаже храброст и државотворен капацитет опасноста од спречувањето на оваа Собраниска определба да ја бара и надвор од опозиционите редови.Ако успее да се надмине и не гледа партиски бенефит,меморандумот ќе ја постигне целта и сигурно ќе се вброи во историските документи на РМ.
Меморандумот може,а и треба да ја надмине и Декларацијата која ја донесе Собранието на РМ на 17 септември 1991 год кога државата имаше други предизвици и успешно се справуваше.

Leave a Reply

Your email address will not be published.