Меѓународен ден на жената – ретроспектива

1908

Голем број протести и критички дебати се појавиле меѓу жените. Угнетувањето на жените како и нивната нееднаквост ги присилило жените да бидат погласни и поактивно во кампањата за промени. Потоа во 1908 година, 15.000 жени марширале низ Њу Јорк да бараат помалку работни часови, подобра плата и право на глас.

1909

Согласно со декларацијата од страна на Социјалистичката партија на Америка, за прв Национален ден на жената во Америка се сметал 28 февруари. Жените продолжиле да го слават овој ден секоја последна недела во февруари се до 1913 година.

1910 

Во 1910 година втората Меѓународна конференција на вработените жени била одржана во Копенхаген. Жена по име Клара Цеткин (лидер на Женската канцеларија на Социјал демократската партија на Германија) ја изнела идеата за Меѓународен ден на женета. Таа предложила секоја година во секоја земја да има прослава на истиот ден – Ден на жената – како тие би се избориле за своите барања. На конференцијата присуствувале повеќе од 100 жени од 17 земји, претставувајќи унии, социјалистички партии, клубови на жени работнички, како и првите три жени избрани во Финскиот парламент, и сите го поздравиле предлогот на Клара Цеткин и со анонимно гласање го подржале, со што произлегол Меѓународниот ден на жената. 

1911

Според одлуката донесена во Копенхаген 1911 година, Меѓународниот ден на жената прв пат бил прославен во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија на 19 Март. Повеќе од милион жени и мажи ја подржале кампањата за правото на глас на жените, правото да работат, да отвораат јавни канцеларии и да се стави крај на дискриминацијата. Но, една недела подоцна на 25 март, трагичнен настан во Њу Јорк им ги прекинал животите на повеќе од 140 ѓени работнички, најголем дел од нив Италијански и Еврејски имигранти. Овој катастрофален настан привлекол особено внимание кон работните услови и работничките права во Америка, и станал фокус на идните настани поврзани со Интернационалниот ден на жената. Во 1911 година исто така започнала кампањата на жените со наслов “Леб и рози”.

1913-1914

Пред самиот почеток на Првата светска војна со кампања за мир, Руските жени го прославиле својот прв Меѓународен ден на жената последната недела во Февруари 1913 година. Преку неколку дискусии, во 1913 година Меѓународниот ден на жената бил преместен на 8 март и овој ден останал глобален датум од тогаш па до сега. Во 1914 година жените низ цела ЕВропа одржале кампањи против војната за да ја изразат солидарноста.

1917

Последната недела во февруари, Руските жени започанел штрајк за ‘’леб и мир” како одговор на смртта на преку 2 милиони руски војници во војната. Притиснати од политичките лидери, жените продолжиле со штрајковите се додека четири дена подоцна царот не бил принуден да абдицира па новата Влада им гарантирала на жените право на глас. Штрајкот на жените започнал 23 февруари според јулианскиот календар кој тогаш се користел во Русија. Истиот тој ден според грегорианскиот календар кој се користел секаде освен во Русија, бил 8 март. 

1918 – 1999

Од неговото раѓање преку движењето на социјалистите, Меѓународниот ден на жената прераснал во глобален ден за потврдување и славење низ развиените и земјите во развој. Долги години Обединетите Нации одржувале годишна конференција посветена на Меѓународниот ден на жената за да ги координира меѓународните движења кои се бореле за правата на жените и нивното учество во социјалниот, политичкиот и економскиот живот. 1975 година била призната како “Меѓународна година на жените” од страна на Обединетите Нации. Организации на жени и влади низ светот исто така организираат различни настани за прослава на достигнувањата на жената истовремено потсетувајќи на напорот и акциите кои биле потребни за обезбедување и одржување на еднаквоста на жените во сите аспекти на животот.

2000 и подоцна

Меѓународниот ден на жената сега е официјален празник во Афганистан, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Буркина Фасо, Камбоџа, Кина (само за жените), Куба, Грузија, Гвиена – Бисау, Еритреја, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мадагаскар (само за жените), Молдавија, Црна Гора, Непал (само за жените), Русија, Таџикистан, Уганда, Украина, Виетнам и Замбија. Според традицијата мажите им честитаат на своите мајки, жени, девојки, колешки, со цвеќе и мали подароци. Во некои земји овој ден има еквивалентен статус како и Денот на мајката каде децата им даваат мали подароци на своите мајки и баби.

Новиот милениум е сведок на огромните промени и промена во однесувањето како кај жените така и во општественото мислење за еднаквоста на жената и нејзината еманципација. Голем дел од младите генерации мислат дека “сите битки за жените се добиени” но голем дел од феминистките од седумдесетите предобро знаат за должината и неверојатната комплексност на патриархатот. Со зголемување на бројот на жени кои се дел од извршни одбори, подобри еднаквост во првата, и со зголемена критичка маса на жените кои се модели во кои секој би нашол идол во секој аспект од животот, би се помислило дека жените се здобиле со вистинска еднаквост. За жал факт е дека жените сеуште не се еднакво платени за иста работа која ја извршуваат нивните колеги од спротивниот пол, жените сеуште не се присутни во еднаков број во бизнисот и политиката, и глобално женското образование, здравје и насилството против нив е полошо споредено со мажите.

Сепак, направен е огромен напредок. Имаме жени астронаути и премиери, жените имаат право да студираат, можат да работат и да имаат семејство, имаат вистинки избор. Па поради тоа, акцентот на Меѓународниот ден на жената во последните години, преминал од само потсетник на негативните работи во славење на позитивните.

Направете го секој ден – ден на жената, за да се осигураме дека иднината за девојките е подобра, порамноправна, побезбедна.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.