Матичните лекари се соочуваат со проблеми и притисоци?

Специјалистот по ургентна медицина и сопственик на ПЗУ „Медикус 92“ од Кавадарци, д-р Јован Гурев, на прес конференција изнесе низа обвинувања на адреса на Фондот за здравствено осигурување од каде во изминатиот период заработил неколку казни, пренесува порталот Дума.

Тој тврди дека матичните лекари во земјава се соочувале со сериозни проблеми и притисоци, но имале страв јавно да проговорат за Фондот да не им ги раскине договорите. Неговата амбуланта била оштетена за 12 илјади евра. Обвинува дека ФЗОМ вршел законски грабеж на лекарите.

„Последниот законски грабеж беше извршен во последните 2-3 месеци. На мојата амбуланти и беа одземени во готовина 6000 евра и плус направена штета во наредните 12 месеци од уште 500 – 600 евра. Така да вкупната штета за овие два месеца е 12 илјади евра. Фондот од јуни минатата година на свој состанок си донесл одлука, пацеиентите кои се лечат во една здравствена организација дека не припаѓат на организацијата, туку на секој лекар поединец и доколку сега некој лекар замине од установата, со него ги повлекува сите пациенти кои се запишани на негово име. Тоа е невозможно, тоа може да се случи од човек неук, кој нема врска со медицината, или пак е нешто тенденциозно. Ова не се однесува само за мене, се однесува за сите матични лекари во Македонија. Пред два месеца две лекарки заминаа од мојата амбуланта во државниот сектор и ФЗОМ во една секунда сите пациенти кои се водеа на нивно име ги збриша. Така ние останавме без 3200 пациенти кои месечно носат околу 5000 евра. За да повторно ги добиеме тие пациенти ни требаше многу време, со писма телефонски јавувања, одење, молење, питачења и после дваипол месеца успеавме да повратиме едно 80 отсто од пациентите, “ рече д-р Гурев.

Се пожали дека поради незавршени работи на лекарките, кои заминале во кавадаречката болница поради епидемијата на грип, му била изречена дополнителна казна од 3500 евра.

„ Во јануари од ФЗОМ немаше изготвено план за тоа кои цели треба матичните лекари да ги прават, дури од 5 или 10 февраруи се кажа кои цели се тиа, а моите лекарки за месец дена, уште колку им преостана, оти требаше да заминат во државатната болница во Кавадарци, немаше време тоа да го направат, бидејќи во тоа време беше епидмија на грип. Имше премногу гужва . Просекот на прегледани пациенти од 1 февруари до 31 март, беше 180 паценти поделени на 4 лекари. И плус цели да им правиш, да им бараш мој термин и да ги запишуваш во историја на болести, па да пријавуваш паценти. Од нас ФЗОМ направи робови. “ обвинува д-р Гурев и побара контрола од ФЗОМ да провери дали навистина во тој период среде епидемија на грип можело да се сработат целите кои ги барал фондот.

Според него, неправедно било и казнувањето кое им се вршело на лекарите поради натпишани рецепти за пациентите. Неговата организација била казнета со 40 илјади денари за вишок препишани лекови од дозволеното.

„Зошто јас да ги плаќам, не ги јадам јас тие лекарства, ги трошат пацеитнтите. Ако не знае како ФЗОМ да го реши ова нека ме викнат мене. Јас ќе им кажам, бидејќи јас во 2001 година бев иницијаторот за вовердување капитација во РМ кога го направив штрајкот,. Јас сум и авторот на програмата која што се користи во цела Македонија за матични лекари. Не барам никакви пари само да им дадам одредени појаснувања“ рече овој лекар од Кавадарци и изнесе уште низа забелешки на адреса на Фондот.

Според него, само формално било постоењето на здружението на лекари бидејќи не ги штитело правата на лекарите.

Од подрачната служба на ФЗОМ Кавадарци ги отфрлија обвинувањата од Д-р Јован Гурев. Рекоа дека неосновано го обвинувал фондот.

„Согласно законските одредби од Договорот кој е потпишан од страна на ПЗУ Медикус 92 и Фонд за здравствено осигурување со прекин на работен однос на двете лекарки вработени во ординацијата била извршена исплата на капитација до денот до кога истите биле вработени во оваа приватна здравствена организација“ рече Снежана Јованова, раководител на ПС на ФЗОМ Кавадарци. Таа појасни дека со прекинот на работниот однос на матичниот лекар, во некоја ординација, пациентите имале законско право да направат повторен избор на матичен лекар.

„Изречените казни се поради неправилност откриена при инспекциски надзор извршен од страна на републичка контрола“ нагласи Јованова.

Извор Дума

Leave a Reply

Your email address will not be published.