Мастурбирал пред продавачка во бутик во Кавадарци

Ваква средба со манијак имала млада продавачка во Кавадарци, пренесува Дневник.

На 16 март во 14.20 часот во полициска станица Кавадарци продавачка пријавила дека околу 13.30 часот додека била на работа во бутик во Кавадарци, влегло непознато машко лице, и побарало да проба фармерки по што влегло во кабината за проба. По кратко време лицето ја тргнало завесата од кабината, и побарал од вработената да го погледне. Кога погледнала, истата видела дека бил со соблечени фармерки и гаќи и истиот мастурбирал. Истата почнала да вика по што лицето се облекло и излегло од бутикот, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

По превземени итни дејствија, во 14,30 часот лицето е пронајдено и лишено од слобода. Се работи за 40 годишен жител на Росоман, против кого ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг”.

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.