Mасовна евакуација во источна Индија

Циклонот Фаилин категоризиран како “многу сериозен” од метеоролозите, и се очекува да ја погоди Ориса и Андра Прадеш во сабота навечер.
Одделот за метеорологија предвидува дека ова невреме ќе донесе ветрови со брзина од 220км /h.
Смртоносниот супер – циклон во 1999 година уби повеќе од 10.000 луѓе. Центарот за предупредување на американската морнарица лоциран во Хаваи предвидува дури и посилни ветрови со брзина од 269km/h.
Официјалните лица вела дека овој циклон се очекува да направи пустош во близина на Гопалпур (држава Ориса), каде се очекуваат бранови со висина од 3 метри кои најверојатно ќе предизвикаат огромни штети врз домовите кои се наоѓаат на брегот.
“Никому нема да му се дозволи да остане во овие куќи кои ќе бидат преполни со кал, во пределите покрај брегот”, вели министерот за природни непогоди Сурја Нарајан Патра.


Армијата е во приправност во двете држави во случај да е потребна итна акција за спасување. Официјалните лица велат дека хеликоптери и пакети со храна се спремни да се достават до локациите погодени од невремето.
Во меѓувреме, центарот за предупредување на американската морнарица предвидува дека овој циклон ќе произведе налети од ветар и до 315 km/h, додека централата за Ризик од тропски олуи сместена во Лондон го категоризира овој циклон како категорија пет – најмоќен.
Метеоролозите нагласуваат дека невремето не само што е интензивно туку покрива е широко подрачје.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.