Мареј победник на Вимблдон

Со овој триумф Мареј стана првиот британец кој го подигнал пехарот на Вимблдон по пауза од 77 години. Последниот британец кој се радуваше во Лондон беше Фред Пери во 1936-та година.

Мареј сериозната намера да слави денеска ја покажа уште на стартот на мечот кога во првиот гем поведе со 40:0. Иако прв до водтсво стигна Ѓоковиќ, Мареј во ниту еден момент не се откажа и успеа да го добие првиот сет. Во продолжението на натпреварот србинот направи многу грешки, а Мареј ги искористи и благодарение на поддршката од домашните навивачи, шкотскиот тенисер успеа да слави без загубен сет.

Вчера во женското финале Марион Бартоли ја совлада германката Сабине Лисицки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.