Мандела не во вегетативна состојба

– Мадиба (Нелсон Мандела) останува во критична, но стабилна состојба. Лекарите демантираат дека поранешниот претседател е во вегетативна состојба, се наведува во соопштението на Владата.

– Екипи од лекари, медицински сестри и други професионалци се грижат за Мандела 24 часа дневно. Го потврдуваме претходното соопштение од вчера попладне, објавено по посетата на претседателот Џејкоб Зума на болницата, нагласи Владата, која веќе десет дена го користи тереминот „критична, но стабилна состојба“ за опишување на здравствената состојба на херојот од борбата против апартхејдот, без да изнесе повеќе детали.

Дел од светските медиуми вчера јавија дека 94-годишниот Мандела е во постојана вегетативна состојба и оти лекарите им препорачале на членовите на неговото семејство да дадат согласност за исклучување на апаратите, кои го држат во живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.