Вечерва во 21.00 часот ќе се сретнат екипите на Манчестер Ј. и Челзи

Во екипата на Челзи се врати “господинот посебен“ Жозе Мурињо и португалскиот стратег има фантастична мешавина од младост и искуство, кој несомнено Мурињо ќе може да го состави и направи фудбалска машинерија. Љубителите на фудбалот ќе добијат доста прилики да ги гледаат младите играчи како што се Ромео Лукаку, Кевин Де Брујне, Андре Шишле и Оскар.
Во меѓувреме, во Челзи се шушка околу потпишување на договор со Самјуел Ето и Вилијан, но и да е вистина целото ова шпекулирање овие двајца многу е прерано да бидат дел од составот на Челзи за овој натпревар со Манчестер Јунајтед.
Додека од другата страна Дејвид Мојс го најави Руни во стартните единаесетмина, што најверојатно преставува “Прст во Око“ упатен кон Мурињо.
До сега овие два тима се сретнале 161 пат. Манчестер Јунајтед има прославено 68 пати додека екипата на Челзи 45 пати. Додека 48 дуели завршиле со нерешен резултат.
Натпреварот започнува вечерва во 21.00 часот преку директен пренос на СпортКлуб.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.