Мали тајни за во кујна

1. Ако ви загорел оризот, на оној дел кој може да се искористи ставете парче бел леб и оставете да стои пет до десет минути. Лебот ќе го впие мирисот на загорено.

2. Пред да почнете да сечете лути пиперки, рацете намачкајте ги со растително масло и лутината нема да навлезе во порите на кожата.

3. Ако не сте сигурни дали јајцата се свежи, ставете ги во тенџере наполнето со вода околу 10 сантиметри; оние јајца кои нема да испливаат се добри за употреба.

4. Пуканките се прават побрзо ако претходно зрната ги оставите во вода околу десетина минути. Потоа исцедете ги и продолжете со подготвувањето како и обично. Пуканките полесно ќе распукаат и ќе има помалку зрна кои не испукале.

5. Бананите никогаш не ги ставајте во ист сад со останатото овошје бидејќи испуштаат мириси од кои овошјето ќе дозрее побрзо и ќе се скапи пред време.

6. Ако не сакате компирот брзо да ви проникне, меѓу него ставете една јаболка.

7. Ако ви останало малку вино после вечерата, немојте да ги истурате, туку замрзнете го во коцки и искористете го за готвење.

8. Замрзнатото месо ќе биде помеко и побрзо ќе се одмрзни ако го прелиете со малку оцет.

9. За да не ви солзат очите при сечење на кромид, внатрешноста пред сечењето одделете ја од останатиот корен.

10. Во борба против солзењето при сечење кромид помага и ако претходно го отстраните првиот слој од коренот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.