Мали тајни на чистење прилично валкани површини

Кујнските елементи

На кујнските елементи со време се насобира маснотија и разна нечистотија, особено ако не ги чистите редовно. За да ги исчистите полесно насобраните наслаги, во микро бранова печка згрејте влажен сунѓер за миење садови. Доволно е од 20 до 30 секунди. Рацете заштитете ги со гумени ракавици, површините на кујнските елементи испрскајте ги со универзално средство за чистење па така собраната нечистотија соберете ја од тие површини со згреаното сунѓерче.

Стаклени површини

Не користите памучни или хартиени ролни за миење стаклени површини. Наместо нив одбрете крпа од микрофибра. Овие крпи се состојат од ултрафини синтетички влакненца кои се исткаени заедно за да создадат “микровлакна“. Таквите влакна во текот на чистењето создаваат статички набој кој јапривлекува прашината и нечистотиите. Малечките влакненца имаат поостри рабови така да полесно ја симнуваат насобраната нечистотија, ама не се абразивни и нема да ја изгребат стаклената површина. Со микрофибрена крпа можете да го очистите и екранот на тв или на компјутерот. Можете да ја користите влажна или сува , со средства за чистење или без. Штом ќе завршите исперете ја и употребете ја повторно.

Фотелјата на која лежат домашните миленици

Има една работа која е поефикасна и подобра од правосмукалката, а тоа се лепливите ленти за чистење. Овие ленти се совршени за собирање влакненца на вашите домашни миленици, а оваа метода е побрза и поедноставна од вшмукување. Лепливите ленти добро ќе ви дојдат и при чистењето на седиштата во автомобилот,а не само во вашиот дом.

Плочките во бањата

Сапунот и каменецот оставаат гадни наслаги на површините во бањата, особено на плочките, кадата и туш кабината. Со триење дури и долго и напорно триење нема да ги отстраните, особено не оние наслаги кои долго време се таложеле. Почекајте површините на кои се наоѓаат наслагите да се осушат, потоа истружете ги со пластична шпакла која нема да ги оштети површините.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.