Малечката Тамара сеуште не е оперирана, родителите запрепастени од односот на надлежните

Десет годишната Тамара Димовска се уште не заминала на лекување во Турција. Нејзините родители се во неизвесност иако Фондот за здравство одобри операција во странство на државна сметка, пренесува телевизија Телма.

Мајката на Тамара добила ветување дека по Нова година ќе се конкретизира терминот, докторот и болницата каде ќе се изврши операција врз Тамара, но за сега одговор нема. Во меѓувреме се влошува здравјето на детето, а родителите речиси секојдневно молат по институциите.

Од Фондот за здравство велат дека се работи за операција, на кој мора да работат повеќе доктори. Хирургот од Турција кој ја прегледал Тамара токму на барање на мајката, за ден или два ќе го каже точниот термин за оперција велат од Фондот.

И Министерот за здравство Никола Тодоров потврди дека административни пречки повеќе нема.

Родителите веќе го губат трпението. За да издејствуваат државата да го плати лекувањето во странство мораа јавно да проговорат иако тоа законски и следуваше. Поради ангажираноста со случајот останаа без работа, па ако за брзо време не добијат одговор размислуваат да побараат азил.

Извор ТЕЛМА

Leave a Reply

Your email address will not be published.