Мала лекција за сите “објективни” новинари!

пишува Никола Наумоски

Пред да користите и да се повикувате на термини како “говор на омраза”, не е лошо да погледнете во вашите белешки за неговото значење. Сте биле на многу конференции, на безброј семинари, сте имале дебатни емисии на темата, самите сте биле жртви… нема смисла да ја заборавате дефиницијата!

Имено, говорот на омраза е слично дефиниран насекаде и е многу различен од соседните зборовни феномени. За да биде прогласен за кривично дело, мора да биде јасно дефиниран во законот, барем! Постојат дефиниции и на меѓународни асоцијации за човекови права, прилично појасни и поекстензивни. Прочитајте ги и нив, па после пишете нешто за “говорот на омраза”. Во секоја дефиниција има 2 клучни елементи: група на луѓе (според вера, раса, народност, пол, сексуална ориентација итн.) и повик за насилство/дискриминација.

Според тоа, Саше Политико не користи говор на омраза воопшто, или барем ја не можам да се сетам на таков пример. Не кажал дека Албанците се племе, дека ромите се крадци, педерите – силувачи итн. Не повикал на физичка пресметка или ликвидација на никого!

Затоа, престанете да го споредувате Саше со Миленко и да викате дека се работи за 2 страни на иста паричка! Не, едната е фашистички створ кој безброј пати повикал на насилство врз опозиционери, ЛГБТ, Албанци, Роми, Муслимани, а втората е створ кој нема влакна на јазикот и често знае да навреди при своите критики. Саше и Миленко не се близнаци, вие и Миленко сте! Вие имате човечки лик додека го помагате режимот, он нема! Ама истите услуги му ги правите благодарение на вашето незнаење и пропуштени лекции.

Вулгарниот јазик не е “говор на омраза” драги зналци, туку фин тест за вашата суета и отвореност кон критики!

Leave a Reply

Your email address will not be published.