Македонските фудбалери полетаа за Кардиф

 

За нашите репрезентативци двата последни натпревари воопшто не се безначајни во трката за што подобра позиција на крајот на табелата, поради што јасно е дека и во Кардиф ќе се оди на триумф.

 

„Остануваат за нас шансите за трето или четврто место што според мене секако не би бил неуспешен настап во квалификациите. Не чека тежок натпревар во Кардиф, но сигурно подготвени сме да го дадеме максимумот“ – вели фудбалерот од средниот ред, Никола Глигоров.

 

За Глигоров дуелот во Кардиф ќе биде далеку поразличен од оној во Скопје со оглед на силната желба кај Велшаните да се реваншираат за претходниот пораз.

 

„Ќе биде сигурно поразличен дуел од оној во Скопје, но подготвени сме да ја оправдаме довербата на новиот селектор. Верувам во добар резултат само ако одиграме колективно како што беше тоа на ’Филип Втори’. Ако го направиме тоа мислам дека резултатот нема да изостане“ – вели Глигоров.

 

Слично е размислувањето и на дефанзивецот Ванче Шиков кој нагласува дека сите репрезентативци се подготвени да го дадат максимумот во обидот за нови три бода.

 

„Секој натпревар кога се игра во националниот дрес е важен. Така и овој во Велс. Не чека тежок натпревар, но сите играчи се максимално подготвени. Добро работевме овие денови во Скопје, па верувам дека ќе дојдеме до поволен резултат“ – вели Шиков.

 

Националниот тим денес од 10 часот со чартер лет замин за Кардиф, каде во вечерните часови ќе го одработи и единствениот тренинг во пресрет на средбата на Градскиот стадион во главниот град на Велс.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.