Македонски студенти го „окупираат“ Минхен

Ниту германскиот Минхен не е исклучок, па македонски јазик може да чуете на касите на многу ресторани за брза храна, болничките ходници или хотелите, каде што всушност и работат најголем дел од нив.

Речиси е еден часот по полноќ, минхенските улици се полупразни, а единствените локали кои с` уште работат се турските ресторани за брза храна и познатите брендови како „Мекдоналд“ и „Бургер кинг“. Влегуваме во еден од нив, нарачуваме храна на англиски јазик, а вработената се мачи да не разбере. „Веројатно знае само германски“, коментира турист од Англија, кој чека во редот. Плаќаме и одеднаш се слуша довикување од соседната каса: „Уморна сум, ајде да направиме пауза“ и тоа на македонски јазик.

Двете седнуваат да јадат надвор. Имаат пауза од половина час, па им се придружуваме. На нивните лица веднаш им се појавува насмевка кога го слушаат својот мајчин јазик.
Марија е од Kочани, студира на Филолошкиот факултет во Скопје, а нејзината колешка Виолета е студент на битолскиот универзитет. И двете веќе трета година по ред летото го поминуваат во Минхен.

– Првите две години дојдов преку посредничка агенција од Македонија, а годинава се договоривме со газдите и тие ни ги средија документите. Цел ден сме на работа, се работи и во три смени, но и се заработува добро. Дозволата за работа ни важи 90 дена и потоа мора да се вратиме во Македонија. Престојуваме во изнајмени станови по повеќе студенти бидејќи така се заштедува – вели Марија.

Целиот текст можете да го прочитате на веб-страницата на Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published.