Македонски новинар осуден на четири и пол години затвор

 Обвинението се однесуваше на текст кој Кежаровски го напишал во магазинот Репортер 92 во 2008 година поврзан со “заштитен” сведок кој требаше да сведочи против три лица обвинети за убиство на еден човек.
Во февруари оваа година, сведокот изјавил дека сведочел лажно против обвинетите бидејќи бил заплашуван од полицијата.
Обвинетите во текот на целиот процес тврделе дека полицискиот инспектор им го наместил случајот поврзан со убиството.
Но обвинителот во случајот на Кежаровски во Скопје тврдел дела неговиот текст им дозволил на обвинетите да го откријат идентитетот на заштитениот сведок со што влијаеле врз него да ја смени изјавата.
Кежаровски, кој се изјаснил како невин, ја обжали пресудата која беше донесеа. Но помина пет месеци во затвор чекајќи го судењето и беше задржан во притвор додека жалбата беше во процес.
Ова казна ги алармира ентитетите поврзани со слобода на печатот. Дуња Мијатовиќ, од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече: “Згрозена сум од казната. Пресудата има серозни последици врз слободата на говор и слободата на медиумите.”
“Криминални обвиненија врз новинари поради нивните активности ги нарушува фундаменталните човекови права за слобода на изразување.”
Нејзиниот одговор беше пренесен и од страна на Париските Репортери без граници, и беше причина за осуда на затворската казна: “Со обвинението против Кежаровски пет години откако овој текст беше објавен, судските власти делуваа со ревност која беше во исто време несфатлива и вознемирувачка. Го повторуваме нашиот повик за итно ослободување на Кежаровски.”
Кежаровски, во изјавите дека нековиот текст “ги нагласил проблемите во правните процедури и ги критикува целокупното министерство”, посочил дека тој е обвинет поради критикување на правниот систем а не откривање на идентитет на дискутабилен сведок.
Кога бил уапсен, тој ја истражувал смртта на неговиот колега новинар Никола Младенов, основач на Фокус организацијата.

пишува Roy Greenslade

пренесуваме: The Guardian

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.