Македонија воведува визи за граѓаните на Косово!?

На сила е и контрамерката за наплата за влез на патници од Косово.
Од вчера косовската влада ја спушти рампата за увоз на сите македонски производи. Откако вчера македонските власти поради делумното косовско ембарго за десетина земјоделски производи воведе патни такси за косовските граѓани, официјална Приштина преземе нелогична економска мерка која е спротивна на сите трговски договори а конкретно ЦЕФТА договорот за слободна трговија.

Се уште нема официјален став од Приштина зошто се воведува целосното трговско ембарго. Неофицијални извори велат дека македонските власти како против мерка размислуваат да воведат визи за косовските граѓани. За нарушените трговски односи се огласи и ЕУ.
Повика целосно да се почитува ЦЕФТА договорот за слободна трговија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.