ОФИЦИЈАЛНО: Македонија прва по загаденост на воздухот во Европа!

Тоа пак е една од најголемите грижи на земјата, посочуваат од банката. Целта на анализата е проценка на ефектите врз здрвјето од загаденоста на воздухот во Македонија и трошоците на овие ефекти врз општеството, пренесува Фактор.

Македонија има најзагаден воздух во Европа, а загадувањето на воздухот со години е над европските стандарди, потенцираат од Светска Банка. Земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта.

Но, дополнително во извештајот е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките. Сознанијата на Светска банка, упатуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

Повеќе за оваа сторија може да прочитате овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.