Македонија поразена од Шпанија

, меч во кој избраницитте на Алеш Пипан одиграа очајно прво полувреме, но затоа се прикажаа во далеку подобро издание во вторите дваесет минути. Стартот на натпреварот доцнеше бидејќи Предраг Самарџиски при загревањето ја скрши таблата, но тоа не им пречеше на Шпанците експресно да го наметнат својот препознатлив стил.
По почетната тројка на Дамјан Стојановски, следеше вистинска „фурија“ на европскиот шампион. Марк Гасол врза седум поени во низа, а Шпанците експресно зголемија на 12-3. Самарџиски го прекина нашиот пост од речиси пет минути без постигнати поени, но „црвената фурија“ уште еднаш одговори и во осмата минута поведе со 19-5. Дамјан погоди уште една тројка и со тоа ги разбуди нашите кошаркари, следеа реализации на Илиевски и на Чековски, по што шпанскиот селектор побара тајмаут при водство на Шпанија од 19-13.

Мекејлеб со одлично положување го најави одличниот старт на втората четвртина за нашите кошаркари, па избраниците на Пипан по неполни три минути игра во овој период се приближија на 23-19. Шпанците не дозволија нашата серија да продолжи, ја стегнаа одбраната и кон средината на вториот период повторно стигнаа до двоцифрена предност (29-19). Македонскиот селектор зеде тајмаут, но и тоа не смени премногу во нашата игра, уште три-четири минути бевме без постигнати поени, па Шпанците зголемија на 34-19. Мекејлеб беше единствениот што погоди во периодот од 14. до 20. минута за Македонија, па на одмор се замина со убедлива предност на домаќините од 38-21.

Првиот дел од третата четвртина не донесе ништо ново во играта, но потоа проработе нашиот шут од далечина, Мекејлеб, Гечевски и Чековски погодија тројки, па негативата се симна само на седум поени (46-39). „Фуријата“ зголеми на единаесет, но нашите кошаркари не се предадоа, одиграа одлично во финишот од овој период и во последните десет минути се влезе со резултат 51-45.

Илиевски беше одличен со пет поени на стартот од последната четвртина, а по реализацијата на Гечевски Шпанија водеше само со еден поен (53-52). Шпанците реализираа едно слободно фрлање, а Војдан Стојановски со прецизен скок шут израмни на 54-54. При овој резултат Дамјан Стојановски не реализираше тројка, по што следеше низа од пет поени на Клавер за предност на Шпанија од 59-54.
Пипан зеде тајмаут, но и покрај неговите совети не успевавме да најдеме лек за шпанската одбрана. Мекејлеб влезе во игра дури на три минути до крајот, но тогаш веќе Шпанија имаше удобна предност од 64-54. Американецот со македонски пасош ги раздвижи нашите редови, успеавме да ја спуштиме негативата, но не и повторно да се вратиме во мечот, кој заврши со конечни 66-61.

Без оглед на поразот, Алеш Пипан може да биде задоволен од многу аспекти во нашата игра, пред се од покажаниот карактер по очајното прво полувреме. Ретко кој може да се пофали дека се вратил против Шпанија по негатива од 17 поени, па јасно е дека формата на нашиот национален тим се движи во нагорна линија, а има уште сосема доволно време, петнаесетина дена, за врвот да се достигне на Евробаскет 2013 во Словенија.
Владо Илиевски со 14 поени беше најпрецизен во нашите редови, Мекејлеб реализираше 10 поени, 8 асистенции и 4 украдени топки, додека Антиќ имаше 11 скокови во битката под обрачите со шпанските високи кошаркари. Чековски беше стрелец на 11 поени, а покрај Мекејлеб по десет поени реализираа и Гечевски и Дамјан Стојановски. Кај „црвената фурија“, Марк Гасол беше стрелец на 17 поени, надополнети со 8 скока, а Хозе Калдерон беше стрелец на 10 поени.

Превземено од Екипа.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.