ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе се задолжи “само” 580 милиони евра

Ако се земат предвид двата нови автопати од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид, кои следната година ќе започнат со реализација, како и делницата од Демир Капија до Смоквица која веќе се гради, се вели во соопштението, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми постојната автопатска мрежа во Македонија за околу 64% од постојната.Тоа значи дека од она што во минатите 60 години се направило, сега ќе се направат дополнителни 64%.

Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да се задолжи за 800 милиони евра, како што вели СДСМ, туку задолжувањето ќе биде 580 милиони евра од кинеската Ексим банка со рок на отплата од 20 години и исклучително поволна каматна стапка од 2 процентни поени.

Извор БРИФ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.