МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ НЕГАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ?
Но извори од Брисел блиски специјално за ОхридСкај говорат дека Македонија ќе добие негативен извештај.Според евро дипломатите,Македонија има сериозен застој во неколку свери
. Според евро дипломатите Македонија покрај горчливиот проблем со наметнатиот спор со името од страна на Грција , кој и после 7 годишни ветувања спрема Брисел не е мрднато од мртва точка,така има и други забелешки. Посебни се забелешките во големата партизација на целокупниот систем, посебно во делот на одредени министерства, со посебен акцент на МВР ,кое според Брисел функционира партиски.Посебни забелешки евродипломатите имаат околу партизација на Судската власт , и обвинителството.Според евро дипломатите во Македонија нема независно судство, судиите се под притисок со разрешувања ,доколку донесуваат самостојно одлуки,а од таа причина се повеќе граѓани на Македонија поднесуваат тужби пред меѓународниот суд во Стразбург .
Според нив ЕУ прават максимални напори години наназад да укажат на потребата од наитно решавање на овие забелешки , но од страна на Македонската влада добивале само ветувања, а нема конкретни показатели за промена на девијантните појави.
Според нив Македонија била во минатото лидер на балканот во однос на евроинтеграциите , но таквиот примат го загубила,и според нив не се работело за некаква неправда од ЕУ спрема Македонија , туку се работело за непочитување на основните начела на една демократска земја ,која претендира да стане дел од Европското семејство.За разлика од Македонија , Србија и Црна Гора очекуваат да влезат во европското семејство за две години.
Извор Макборба