Македонија ја прегази Португалија

Во првото полувреме, тој постигна шест гола, во второто додаде уште три а исто така, имаше и важна улога при постигнувањето на останатите погодоци на нашиот национален тим.
Натпреварот нашата репрезентација го започна навистина добро откако благодарение на одличната одбрана, во воведните 10 минути, нашата репрезентација успеја лесно да ги помине корпулентните португалци и да обезбеди предност од +2 (4:2) а потоа и +3 (8:5) но продолжението на средбата, направивме неколку грешки во нападите а португалците тоа го казнија со серија од 3:0 и во 22. минута преку разиграните Силва и Давјес, успеаја да го изедначат резултатот на 8:8, за прв пат по оние 2:2 во првиот дел од средбата.
Проблемите за гостите настанаа во 25. минута, кога токму нивниот највисок и најкорпулентнен играч Вилсон Дејвис поради фаулот над Миркуловски доби двеминутно исклучување. По исклучувањето, нашата репрезентација направи серија од 3:0 – најпрво, прецизен Лазаров од седум метри а потоа следеше брза контра преку Темелков, кој излезе еден на еден со гостинскиот голман и не погреши. Како јаготка на шлагот беше фантастичниот гол на Филип Миркуловски за водство од 11:8, кој постигна фантастичен гол со шрауба.
Највисокото водство на натпреварот нашата репрезентација го забележа во 28. минута, кога благодарение на интервенциите на Борко Ристовски, стигна до највисокото водство од +5 (14:9) а до крајот на полувремето, португалците единствено успеаја да намалат на -4 негатива.
Во вториот дел пак, нашата репрезентација одигра доста променливо. Првите 15 минути беа кризни, додека последните 15 беа навистина магични. Иако имавме високо водство од +4, во 45. минута, португалците благодарение на промашувањата на Филип Лазаров и Столе Стоилов дојдоа на чекор од изедначување. Резултатот на семафорот гласеше 18:17, Португалија го имаше нападот за изедначување, но при шутот на Вилсон, Борко спаси изедначување.
По овој мал шок, нашите ракометари се разбудија и благодарение на голманот Ристовски, кој беше вистински херој на Македонија во вториот дел и головите на Лазаров, Миркуловски и Недановски, дојдоа до највисокото водство пд +6 на натпреварот (23:17).
До крајот на натпреварот, видовме уште пет гола, три за нас, два за португалците (26:17).
Како најголеми херои во нашата репрезентација може да ги прогласиме Кире Лазаров, кој постигна 9 гола и Филип Миркуловски кој постигна 7 гола, заедно со голманот Борко Ристовски кој забележа 13 интервенции помеѓу стативите додека кај гостите од Португалија, најмногу се истакна Силва.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.