Македонија ја победи Хрватска во вчерашниот пријателски натпревар

Иако ослабени, без капитенот Перо Антиќ, избраниците на Алеш Пипан одиграа квалитетен меч и покажаа одличен карактер, враќајќи се од двоцифрена негатива во втората четвртина.
Лестер Бо Мекејлеб уште еднаш покажа зошто важи за прва виолина на нашиот национален тим, па иако само два дена тренираше со остатокот од селекцијата, тој одигра одличен меч и ги предводеше „црвено-жолтите“ до оваа победа. Мекејлеб беше особено импресивен во третата четвртина, кога нашите репрезентативци направија пресврт, а потоа и си создадоа предност што знаеја како да ја задржат се до самиот крај на натпреварот.
Војдан Стојановски со 18 поени беше најпрецизен во нашиот состав, Мекејлеб постигна три помалку, додека Чековски реализираше 13 поени, девет од нив со три погодени тројки. Мора да се потенцира и придонесот на Брчков, кој во последната минута со фантастична блокада над Томас не им дозволи на домаќините да израмнат и на тој начин го трасираше патот кон победата.
Извор: Екипа

Leave a Reply

Your email address will not be published.