(Видео) Ленче Ристоска: Македонија има храбри жени!

Како жена сум горда што во целиот правен систем постојат жени кои се храбри и постапуваат според законите истакна обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска во нејзиниот говор насловен “Жените како чуварки на правдата” на конференцијата за друштвен активизам, Енгејџ.

Таа истакна дека патот за остварување на правдата се уште е поплочен со страв и со несигурност кај луѓето и потсети дека иако се декларираме како демократска држава, правата на жената се уште не се почитуваат во многу сфери од живеењето.

Во продолжение погледнете го видеото од нејзиното обраќање.

Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.