Државен срам за граѓаните на Република Македонија

На 25 јануари на Македонија и е одземено правото на глас во Генералното собрание при Обединетите нации поради доцнење на плаќање на придонесот кон Светската организација, чиј минимален износ е 24.606 американски долари.

За ова на 12 јануари било испратено писмо од страна на Генералниот секретар Бан Ки Мун до претседателот на Генералното собрание.

Привремено, освен на Македонија, правото на глас им е одземено на Гренада, Киргистан, Маршалски Острови, Руанда, Тонга, Вануату и Јемен.

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.