Maкедонија 43 – та според Индексот на економски слободи за 2014

Ова се должи на подобрувањата во слободната трговија, слободите во креирање на бизнис и контрола на јавната потрошувачка. Споредено само со европските земји Македонија е на 20 –то место од 43 земји.

Но во извештајот се нагласува дека се уште неопходно е да се направат подобрувања на многу слабите страни како што се заштита на имотните права но најбитно зајакнување на анти – корупциските мерки. Според извештајот прабниот систем е многу слаб, попречен од корупцијата, и ранлив поради политичкото влијание. 

Во извештајот се наведени и десетте економски слободи според кои се рангираат земјите подредени во четири поголеми групи и тоа:

1. Владеењето на правото – изразено преку имотното право и слободата од корупција кои за Македонија се под светскиот просек. За нив се посочува дека сериозен и главен проблем е корупцијата и слабата имплементација на анти – корупциската легислатива. Исто така биле забележани несигурности при регистрирањето односно легализирањето на имот како и при вадење на имотна документација кои заедно ја загрозуваат економската слобода. Според имотното право Македонија е на 92 место во светот и нема никакви подобрувања во споредба со претходната година, додека од аспек на слободата од корупција забележано е одвај мало подобрување од 0,6 индексни поени во однос на претходната година.

2. Големина на владата – изразена преку фискалната слобода и владините трошења. Во овој дел сме над светскиот просек. Нагласено е дека во споследната година се забележани појаки спротивставувања на зголеменото владино трошење.

3. Регулаторна ефикасност – изразена преку слободата за водење бизнис, слобода на работната сила и монетарна слобода. Овие три показатели се исто така над светскиот просек. Кај првите две е забалежано мало подобрување во однос на претходната година но што се однесува до монетарната слобода таму ситуацијата се влошила. Во коментарите за овој дел од извештајот се нагласува дека иако процедурите за отпочнување со нов бизнис се намалиле, како и бројот на потребни лиценци, трошокот за отворање на нова фирма е пет пати повисок од просечниот годишен приход. Исто така има критики и за работичките права кои не се флексибилни, и кои обесхрабруваат креирање на нови работни места. Понатаму се наведува дека иако владата пробала да одржи фискална дисциплина поради евентуалниот влез во ЕУ, во 2013 година ги зголемила трошењата на субвенции за земјоделието, социјални трансфери и пензии.

4. Слободни пазари – овде се вклучени слободната трговија, слободата за инвестирање и финансиската слобода. Забележано е подобрување во делот на слободните пазари но кога станува збор за инвестирањето и финансиската слобода тапкаме во место.

Почнувајќи од 2002 година (кога за прв пат е направено ова истражување во Македонија) па до денес, најголемо подобрување (од 26 индексни поени) е забележано во однос на слободата за отворање нов бизнис додека најлоши сме во делот на финансиската слобода (забележан пад од 10 индексни поени).

Колку за споредба, треба да се нагласи дека земјите кои спаѓаат во групата на СЛОБОДНИ ЕКОНОМИИ имаат вкупен просек на индексни поени од 81,1 а ние со 68,6 сме се уште далеку од слободите. 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.