Македонците за Златна зора се Циганоскопјани

Говорејќи за ниско тиражниот и екстремно националистички ориентиран весник Стохос, Илијас Панајотарос, вели дека актуелната грчка влада, е свесна дека има низок рејтинг и нема да се осмели да го реши прашањето за името.

„Најпрво не се легитимни да го сторат тоа. Владата што ја имаме, тоа е лажна влада со мал процент во грчкиот народ. Види ги процентите од најдобрите анкети. Неа димократија 24% и ПАСОК 4%, што значи 28%. Од кога 28% се легитимни да отстапуваат имиња за останатите 72%? Во 1992та Златна зора објави постер со сонцето од Кутлеш и со слоганот „Никаков компромис за нашата Македонија“ Од тогаш до сега сме со непроменети позиции, Дали со 7%,дали со 17% или со 27% или да остане сам еден златнозорец, за името на Македонија не се преговара. “ – вели Панајотарос во одговорот на прашањето какви се изгледите по разговорите меѓу Иванов и Папуљас во Загреб, и по последните случувања, дека постои можност за решение.

Новинарот, кој судејќи и според ориентацијата на весникот, но и според одговорите на Панајотарос, е поддржувач на Златна зора, му вели на пратеникот од неонацистичката партија: „Ти се восхитував а ти се восхитуваше и пола Грција кога го виде видеото на интернет како го средуваш шоферот на цигано-скопски камион кој има знак на непријателската пропаганда.“ при тоа прашувајќи го што би требало да направат властите

На што Панајотарос одоговара:
„Треба да ги отстрануваат и да ги враќаат назад камионите што ја имаат оваа срамна ознака и ознака на пораз на грчката надворешна политика. Македонија е една и е грчка и за ова име, за нејзините деривати, како и за сите локални или други определувања кои го вклучуваат името Македонија не се преговара! Но, кој ќе даде наредби за ова? Досегашниот министер Аврамопулос? Или можеби Венизелос? Само националистичка, еднопартиска влада може да ја направи нашата држава силна.“

Пратеникот од Златна зора преку весникот најавува дека и оваа години на 21 јули планираат да одржат протест на македонско грчката граница кај лерин, нешто што го започнале во 2008та по ветото во Букурешт.

Извор Канал5

Leave a Reply

Your email address will not be published.