МАРШ ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА: „МАКЕДОНЧЕ, НЕ СЕ ПЛАШИ, БОРИ СЕ ЗА ПРАВАТА“

Тука сме да кажеме стоп на сиромаштијата. Тука сме да кажеме дека е доста со расипничкото трошење на народните пари, додека сиромаштијата од ден на ден е се` поголема, рекоа учесниците на денешниот протестен марш организиран од иницијативата „8 Септември“. Тие побараа бесплатен јавен превоз, како и бесплатно здравство и лекови за стечајците и социјално загрозените семејства, потоа владата да им ги покрива комуналните давачки се додека не добијат вработување како и бесплатно образование за нивните деца.

– Не сакаме проблемите да излезат од контрола па затоа излеговме на протести и бараме да се прекине со непродуктивното трошење на власта и парите да се пренасочат во решавење на проблемите на стечајците и социјалците, изјави Џелал Хоџиќ од Иницијативата „8 Септември“.

Протестот го подржаа и стечајците до здружението УНИТ
– Знаете дека ние сме најизманупиларни и најзагрозени, не` газат како крпа затоа сме тука и ќе бевме во поголем број, но немаме пари за автобус, рече Лилјана Георгиевска, лидерка на стечајците.

Од Собранието на Македонија, протестот продолжи и пред владата каде учесниците ги повикаа граѓаните да не се плашат во борбата за нивните права. Од говорницата беше речено:

– Македончето мора да научи да не се плаши, ние не дојдовме тука да палиме влада или слично туку дојдовме да протестираме и народот мора да престане да се плаши и да почне да се бори за своите права.

Граѓаните велат дека сиромаштијата во Македонија е неиздржлива, но дека владата не презема никакви мерки. Велат дека граѓаните треба да преземат нешто за да не бидат повеќе сиромшани, гладни и боси.
 

Протестото помина мирно и без никакви инциднети, а заврши на плоштадот „Јадран“. Организаторите пак најавија дека не застнуваат тука и ќе продолжат во борбата за достоинствен живот на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.