Магичната привлечност на исламот

Нема веројатно најчесто, а и најблесаво “неразбирање” за судбината на писателот од тоа да му се припишат ставови од некој негов јунак. Многу примери има за тоа, еве еден; лавовскиот дел на сатанизација кон Иво Андриќ внатре во огромниот дел на современата академска и медиумска бошњачка јавност, да речеме, потекнува така што со стопроцентна извесност тврди тоа дека, да речеме, Андриќ мислел за Босна исто она што за Босна го мислел Макс Левенфилд, протагонистот на приповетките Писмо од 1920. година. Мишел Уелбек, најсовремениот француски писател, веќе со години го бие глас на исламофоб. Клучната причина за таа етикета е монологот кој во неговиот роман Платформа ја изговара еден негов епизоден лик, Египќанец. Тој е педесетгодишен биомеханичар, многу успешен во областа на генетски инженеринг, кој веднаш после студирањето емигрира во Англија. Тој гаи силен сентимент кон античкиот Египет и склон е на мислењето дека Арапите ја уништиле таа супериорна цивилизација. Вака тој му зборува на нараторот на романот: “Кога ќе помислам дека оваа земја се’ измислила! Архитектура, астрономија, математика, агрикултура, медицина… Откако се појави исламот – ништо. Апсолутно интелектуално ништавило, тотална празнина. Станавме земја на вошливи просјаци. Просјаци полни со вошки, ете што сме ние. Олош, олош! Треба да се сетите, cher monsieur, дека исламот е роден во пустина, меѓу шкорпии, камили и диви sверови од секоја врста. Знаете како јас ги нарекувам муслиманите? Бедници од Сахара. Ете еден назив кој го заслужуваат! Верувате вие дека исламот може да се роди во некоја ваква прекрасна област како што е долината Нил. Не, monsieur. Исламот можеше да се роди само во глупава пустина, меѓу валканите бедуини, кои немаат што друго да прават – извинете на изразот! – сем да ги тртат своите камили.” После ваков емотивен излив, следи псевдо-филозофско образложение.

 

Најчист монотеизам

Муслиманските теолози често се гордеат со тврдењето дека исламот всушност претставува најчист облик на монотеизам во историјата на религијата. Уелбековиот Египќанец тоа не го одрекува, ама исто така не мисли дека тоа е нешто со кое треба да се гордее: “Штом една религија се приближува кон монотеизам – размислете добро за тоа, cher monsieur – таа е по нехумана и по злобна; а исламот, во споредба со сите останати религии, наметнува најрадикален монотеизам. Од своето постоење тој е обележен со непрекината низа од освојувачки војни и масовни убиства; се додека постои, разбирањето нема да владее во светот. Никогаш, на муслиманска земја, интелегенцијата и талентот нема да си го најдат своето место; ако некогаш имало арапски математичари, поети, научници, тоа било тогаш кога ја изгубиле верата. Веќе при првото читање на Куранот невозможно е да не бидете запрепастен од бедната тавтологија која го карактеризира ова дело: ‘Нема друг Бог освен самиот Бог’, итн. Со тоа, ќе се сложите, не може да се отиде далеку. Толку далеку што ќе претставува обид за апстракција, преоѓањто кон монотеизам е само пат кон заглупување. Ќе приметите дека католицизмот, суптилна религија, која јас ја почитувам, за брзо се оддалечи од монотеизмот која на почеток му ја наметнуваше почетната доктрина. Преку догмата за Тројството, култот на Девиците и светците, преку признавањето на улогата на пеколните и вознесените слики за анѓелите, католицизмот, малку-по-малку, го обнови автентичниот политеизам; само под тие околности тоа можеше да ја прекрие земјата со безбројните уметнички убавини. Еден единствен бог! Каква бесмислица! Каква нехумана и злосторничка измислица! Еден камен Бог, sher monsieur, крволочен и љубоморен бог кој никогаш не требаше да ги мине границите на Синај”. Својот монолог Египќанецот го завршува со осудата на пустината како концепт: “Верувајте ми, драг господине, пустината раѓа само неурамнотежени типови и кретени. Во вашата племенита западна култура, која ја почитувам, може да ги наброите оние кои ги привлекуваше пустината? Единствено педерите, авантуристите и подлизурковците. Како што е оној смешен полковник Лоренс, декадентен хомосексуалец, патетичен позер. (…) Ништо големо и отмено, ништо племенито и здраво; ништо што би можело да го унапреди човештвото, ниту да го издигне над него самиот”. Платформа е објавена, во оригинал, 2001. година. Беше тоа трет по ред Уелбеков роман. Исто така, во пркос на неговиот трагичен завршеток, беше тоа најоптимистичниот роман што дотогаш го објавил.

 

Против светот, против животот

Својот прв роман – Проширување на полето на борба – Уелбек го објави во 1994. кога веќе имаше триесет и осум години. Пред тоа публикуваше книга поезија и биографска есеистичка книга за американскиот писател Х.П. Лавкрафт под карактеристичен наслов Против светот, против животот. Сепак, вистински важно внимание Уелбек постигнува со книгата Проширување на полето на борба. Станува збор за релативно краток прозен текст од некои стотина страници, на матна и нејасна граница измеѓу новела и роман. Пишуван е прво лице еднина, со едноставен јазик кој на прв поглед помалку потестува на Камиевиот Странец. Кога од оваа дистанца, од денешна перспектива, се чита оваа книга, лесно приметливо е, дека таа, на еден начин, ембрион на сите подоцнежни книги, дека е негова слика за сите подоцнежни Уелбекови главни јунаци, дека во неговиот опус игра слична улога како безимениот протагониста од Записите од подземјето во опусот на Достоевски. Во цинизмот и мизантропијата Уелбековиот наратор има подоста тоа што потсетува на Записите од подземјето. Клучната разлика практично не е во средината, колку што е во епохата. Главниот протагониста во Проширување на подрачјето на борба парадигматски е (анти)јунак на западните деведесети, тој општ утописки fin-de-sieclea. Во таа смисла, англискиот превод на насловот на романот – колку и’ да е отклонет од оригиналот – ефективно го пренесува неговиот дух. Проширување на подрачјето на борба односно Exstension du domaine de la lute на англиски стана Whatever, како во оној сингл на Оазис од – исто така – 1994. година.

Овај роман говори за светот во кој се’ е дозволено и се’ е возможно, ама не на сите. Уелбек го интересира неправдата, ама не само социјална. Банално да зборуваме, не е единствената разлика меѓу луѓето тоа што некои се богати, а некои други не се. Односно, некои се убави, привлечни, а некои не се. Некои се млади, а некои не се. Во западниот свет, после сексуалната револуција, тие разлики имаат многу поголема важност одошто социјалните. Како што постојат губитници на транзицијата, постојат и губитници на сексуалната револуција. На прв поглед тоа личи на визијата од Филип Ларкин, но сепак Уелбековиот свет е сепак поогорчен. Кај Ларкин се’ се сведува на тоа дека некој се родил во погрешно време. Уелбек сведочи дека е возможно да се родиш во право време, а повторно да се нема никаква корист од сексуална револуција. Другиот аспект на романот се работи за блузот на работната книшка, односно со животот до крај изедначен со работното место и работата која не е нешто што го исполнува човека, туку е празен и егзистенционален кулук. Проширување на полето на борба е приказна за двајца колеги, комјутерски програмери низ кои главниот лик и наратор е мрзоволен и несреќен, ама во споредба со овој другиот е алфа мажјак.

 

Љубов и бог

Четири години после Проширување на полето на борба, Уелбек ја објавува Елементарни честички, роман со кој неговата слава ќе излезе од сепак малиот круг на луѓе кои ги интересира култура и со кој ќе ја зациментира својата позиција на најславниот и најконтроверзниот француски писател. Се работи за роман што е многу сличен на претходниот, а сепак по многу ствари толку различен. Најнапред, по обимот и зафатот Елементарните честички се прав и голем роман. Потоа, во него Уелбек вешто го користи своето знаење од природните науки (овај писател е, да не заборавиме, дипломира агрономија) и почнува да кокетира со научната фантастика, која уште од детството му е омилен жанр. Сепак, во “филозофска” смисла овај роман е продолжеток на неговиот првенец, во смисла проширување на анализата на шеесетосмашството и неговата оставштина. Мишел и Бруно, двајца полубраќа околу кои се врти дејствието, во голема мера се републики на двајца протагонисти Проширување на полето на борба, само што овој пат Мишел е помалку циничен. Во едно интервју Уелбек вели на прашањето дали постои љубов во неговите романи е исто како и прашањето со, дали постои бог во романите на Достоевски. Односот на Мишел и Анабела е прв и прав обид да на тоа прашање се одговори. Три години подоцна, во Платформа, тоа прашање е уште поинтезивно во фокусот, низ односот на нараторот и главниот јунак (кој повторно се вика Мишел) и жената со име Валери. А ако младалачката љубов на Мишел и Анабел најнапред се скршила во хридата од компулзивен хедонизам, додека најзиното оживување во средните години ја уништува бруталната болест, среќата на Мишел и Валери во Платформа ја доуништува тероризмот, злото кои ги прави луѓето. Во таа смисла Платформа е многу по оптимистичка од Елементарните честички: против љубовта не стои никакво метафизичко проклетство ниту источен грев, туку сурова политика олицетворена во терористичкиот напад кон Тајланд. Бидејќи не долго после објавувањето на Платформа се случува терористички напад во Бали, Уелбек со етикета на мизогинија и исламофобија, сега му се лепи и етикета на пророк.

Четири години после Платформа, Уелбек објавува Можноста на островот, роман во кој повторно ги комбинира социјално-критичките, научно-фантастичните и дистописките елементи, роман, имено, сличен на Елементарните честички. Година 2010. излегува Карта и територија, нов обид да се пронајде одговорот на прашањето постои ли љубовта, сочинет со саркастичен приказ на светот низ визуелните уметности и начинот на кој во тој свет се постигнува успех. Во меѓувреме Уелбек објави книга-преписка со Бернар-Анри Леви, а исто така режираше и филм базиран според својот роман Можноста за острово така што одигра главна улога во филмот на Гијом Никлуа Киднапирањето на Мишел Уелбек. Се чини, имено, дека се вклопува во релативно бенигна улога на писател-селебрити, повеќе рутински отколку суштински контроверзен. А потоа, еве, стигна, Покорување.

 

Блиска иднина

Како веќе бива кај Уелбек, медиската помпа веќе се дигна уште пред да излезе книгата. Покорување (Soumission) e најавена за самиот почеток на 2015. година, а во втората половина од 2014. тргнаа гласините за романот чие дејствие е сместено во блиската иднина кога на претседателските избори во Франција победува кандидат муслиман, челник на (во Француската реалност непостоечки) партијата на Муслиманско братство. За точен датум на промоција на гнигата најавен е 7. Јануари. И тогаш се случи коинциденција многу побизарна од онаа во која на Уелбек му ја препишуваа етикетата на пророк. Истата ден кога Покорување е објавено, се случи терористички напад на редакција Шарли ебдо. Да биде уште побизарно, на насловниот лист дента е објавена карикатура на Мишел Уелбек. Имајќи ја на ум Уелбековата репутација, логично се чини промоцијата на книгата се’ oддложи, и самиот писател да се склони на непозната локација. И многу порано се очекуваше дека книгата ќе биде барана, трагичната случка направи уште првата ден книгата биде бестселер без преседан. Излегување на германски најавено е за 16. јануар. Превод на англиски излегува дури на есен. Благодарение на издавачката куќа Booka и преведувачот Владимир Д. Јанковиќ, читателите на Србија веќе во фебруари, меѓу првите во светот, имаат прилика да ја читаат Покорување. Во таа смисла теба да се каже дека оние кои во Покорување бараат бласфемија ќе бидат разочарани. Нема во Покорување ништо од Сатански стихови, па нема дури ни од Платформа. Дури би можело да се каже, барем во еден свој слој, Платформа е книга за магичната привлечност на исламот.

 

Левица, десница, централно

Нараторот и главниот протагонист во романот Покорување е Франсоа, професор на книжевност на Сорбона во рани четириесети години од животот, стручњак за Уисманс. Франсоа е типичен Уелбековски лик, осаменик, склон на алкохолот, љубител на книжевноста и убавите жени. Поминувајќи ја четириесетата, онаа фамозна ахмеднурудиновска цезура, Франсоа го фаќа некоја врста на криза на средни години. Уште додека бил студент навикнал на едногодишни врски со студентките, а со иста пракса продолжил и’ кога станал професор, само што девојките и понатаму биле само студентки. На почетокот на романот, Франоса е во фаза на прекин со последната од тие девојки – Миријам. Не дека посебно страда, ама не му е сеедно. На неговото расположение не влијае ниту политичката положба во која земјата се наоѓа. Време на дејствието е 2020. година. Уелбек вешто го користи дејствието со тоа што го сместил во блиска иднина, само седум години понапред во однос на излегувањето на книгата. Иако Емануел Карер, да речеме, Покорување (со причина) ја споредил со Орвеловата 1984., Уелбек не морал жилверновски да фантазира за технолошкиот напредок дури ниту низ дистописки клишеи насликува мрачна визија на иднината.

Светот на Покорување само во ситници разликува од современата стварност, отприлика онолку како што по Свендерборг здгробниот живот разликува од правиот живот. Како што кај Свендерборг луѓето не приметиле дека се мртви, така полека и постепено читателите на Уелбек откриваат дека дејствието на романот се одвива во иднината. Во таа смисла, исклучително е ефективен начинот на кој ликовите во Покорување појавуваат стварни личности: од политичката сцена како на пример Мари Ле Пен, Франсое Оланд и Никола Саркози па до културњаците Мишел Онфре. Ефективен исто така е приказот на претседничките избори во 2022. година. Во првиот круг настапуваат четири кандидати: тука се, се разбира, класично петорепублички usual suspects, кандидати на социјалистите и конзервативната Унија за народно движење, а потоа и радикално десниот Национален фронт и најпосле Муслиманското братство, партија која ги собира фарнцуските муслимани. Гласачкото тело уморно од отуѓените политички елити, избор без избор и слични керифеки на сите нам на Балканот добро познати работи, од вториот круг ги исфрла кандидатите социјалисти и конзервативци. Во вториот круг влегуваат Националниот фронт и Муслиманското братство. Во желба да го спречат триумфот на радикалните десничари, и социјалистите и Унијата на народното движење ги повикуваат своите гласачи да го поддржат кандидатот на Муслиманското братство (додека за возврат им се ветува премиерско место и уште некои привилегии). Така во Покорување за претседател на Франција 2022. година ќе биде избран Мухамед Бен Абес.

 

Прогресивни мумии

Описот на Франција под водство на муслиманскиот претседател не е катастрофичарски; напротив. Дури може да се каже дека тамошниот хаос го води кон каков-таков ред. Тој ја отвара Европската унија кон Блискиот исток и на северот на Африка, а исклучителните пријателски односи со Саудиска Арабија и заливските монархии во Франција вбризгуваат голема колична на пари, нарочито во секторот образование. Нема преголеми промени во секојдневниот живот, нарочито не краткорочни. Сепак, Франсоа е се’ уште во свои кризни години на четириесетите што допринесува на тоа и прераната смрт на двајцата негови родители. Миријамината селидба во Израел, како и неговата предвремена селидба. Насред цела таа летаргија нему најпрво му се нуди можност да за едицијата Плејади припреми и со предговор ги пропрати Уисмановите дела. Исто така, му се пружа и прилика за професорска позиција. Конверзија на исламот не е во таа смисла услов, ама е пожелна.

И како што кај Достоевски во големите дијалошки партитури низ кои се претресуваат метафизички прашања се испишуваат клучните страници на романот, срцето на Покорување во разговорите со Франсоновите со Роберт Родижером, стручњак за Генон, преобратениот на ислам и еден од клучните личности на “новата” Франција. Редиже кон исламот се обратил кога сфатил дека христијанството како активна и привлечна идеологија неповратно умрена и кога му требала реалистична против тежа со потрошената шеесетосмашката оставштина, а во Покорување постои еден пасус во која таа критика е суштински сумирана. Вели тука Уелбек, имено, дека последните шеесетосмаши се последните “прогресивни мумии во изумирање, во социолошка смисла потполно бескрвним, ама вдомени во медиумските тврдини, од каде, и понатаму можат да фрлаат клетви во овие проклети времиња и мачен амбиент кој владее во земјата.”

 

No East, No West

Aко воошто постои начин Европа да се врати кон традиционалните фамилијарни вредностим тоа според Родиже – ислам. Франсоа почнува да го следи таквиот начин на размислувања, не заради сопствената склоност на традицијата и семејството, туку многу повеќе заради оној Ничеов цитат од Антихристот кој се наведува во Покорување, оној кој вели за “исламот на прво место му се момчињата”. Во контекстот етикети кои на Улебек му се набивани, заради Покорување му има многу повеќе смисла да му се припишува мизогинија отколку исламофобија. Всушност, на едно место во романот ставот на верникот кон Алах во исламот споредува на женското потчинување со мажот. (Зборот ислам етимолошки означува покорување, потчинување.) Почетокот на деведесетите, ми се чини уште пред војната, некој во Травник испиша еден графит: No East, No West, Islam, Islam is the best. Oд маркетнгшко-копирајтерске перспектива, тоа би можело да биде Редижеов слоган кој на крајот ќе го прифати и Франсоа.

Вака тој вели пред самиот крај на романот: Обредот на преобраќање е прилично едноставен; ќе се одигра, веројатно, во големата Париска џамија, така ќе биде практично за сите (…) Околу мене ќе завладее тишина. Сликте, супернова, спиралните маглини ќе ми поминуваат низ главата; сликите на изворот исто така, како и недопрените пустини, големите шуми кои човечката нога не чекорела; малку-помалку, и јас ќе стапам во големиот величествен космички поредок. А потоа, со смирен глас, ќе ја изговорам следнава формула, која ја научив фонетски: Аsh-hadu an la ilaha lahu va ash-hadu ana Muhamadan rasululahi. Што, точно значи: Сведочам дека нема ниедно друго божество освен Бог, и дека Мухамед пророк негов. И потоа се’ ќе биде готово; јас, од тој час, ќе бидам муслиман”.

Во контекстот на Орвел, Емануел Карер веројатно рекол дека Франсоа го засакал Големиот брат. Самиот Уелбек, односно Франсоа ја завршува својата приказна: “Ќе биде тоа шанса да започнам еден нов живот, без некоја нарочита врска со оној претходниот. Нема да имам за што да жалам.”

извор: Vreme.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.