Мурињо: Луиз е потребен во Челзи

Управата на шпанскиот шампион е спремна да потроши дури 29 милиони за нов одбранбен играч, а прв избор е бразилскиот репрезентативец Давид Луиз.
“Давид прекрасно игра за нас и ние мораме да ги искористиме неговите квалитети и потенцијали. Давид има доволно квалитети, поготово кога од одбраната треба да ја префрли топката во нападот, тој тоа го има во себе. Дали може да ја поправи својата игра во одбраната? Секако. Запрво тоа е моја работа“, изјави Мурињо.
Давид Луиз во екипата на Челзи пристигна во јануари 2011 година, а за лондонските сини до сега има одиграно 109 натпревари и има постигнато 12 погодоци.
Бразилецот со екипата на Челзи ги освои Лигата на Шампионите, Лига Европа и англискиот ФА Куп.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.