Луис Густаво својата кариера ќе ја продолжи во Волзбург

Густаво за екипата на Волзбург потпишал петтогодишен договор, а деталите од трансферот сеуште не се соопштени.
Бразилскиот фудбалски репрезентативец минатата сезона одигра 36 натпревари и постигна 4 погодока за Баерн Минхен, а овој летен преоден рок беше мета на лондонски Арсенал.
Густаво има уште настапувано и за Коринтијанс и Хофенхајм, додека за националниот тим има забележано 10 натпревари.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.