Луѓето ќе еволуираат во нов тип на луѓе до 2050 година

За помалку од 4 децении Ласт тврди дека ќе живееме подолго, ќе имаме деца на повозрасни години и ќе се потпираме на вештачката интелигенција во извршување на секојдневните обврски. Според него, оваа промена е многу важна и значајна.

„Кога ќе имате 80 или 100 години ќе живеете многу поинаку од вашите баба и дедо“, смета Ласт кој верува дека поголем дел од времето луѓето ќе го минуваат во виртуелна реалност.
Други научници, пак, сметаат дека до 2050 година луѓето би го прославувале својот 120 роденден. Една од теориите за еволуцијата е дека колку мозокот повеќе ќе расте, а на организмот му е потребна поголема енергија и време за да го достигне целосниот потенцијал.

Наместо брз начин на живеење и умирање на млади години, Ласт верува дека луѓето ќе живеат побавно и ќе доживеат длабока старост.
„Мислам дека новиот систем што луѓето ќе го создадат ќе биде многу пософистициран и повеќе праведен од сегашната цивилизација“.

Тој додава дека во иднина луѓето би можеле со помош на технологијата да го запрат својот биолошки часовник, а промените веќе се случуваат во светот. Жените сè почесто го одлагаат мајчинството за да изградат кариера, а потоа создаваат семејства.

Неговите гледишта во студијата наречена Human Evolution, Life History Theory and the End of Biological Reproduction се објавени во Current Aging Science.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.