Луѓе сме, а не светци

Луѓето отсекогаш се мотивирале самите себеси. На различни начини преку различни професии.Таа мотивација која доаѓа длабоко од срж’та на организмот, обично е поврзана со економско-финансиските работи кои ја засегаат единката. Директно или индиректно.

Сите сакаат добар автомобил, пристојна и добро платена работа, фин брачен другар однапред потчинет, добро уредено станче, вила на езеро, јахта на море, полн трезор некаде на Крит или Кајман. Доколку мотивацијата е со интензивно темпо, работите 24/7, можеби во едни нормални услови човек и ќе го заработи сето тоа. Горе-долу за едно сто или двесте години. Треба и упорност и инает. Не e на одмет ако попат се има и стрико поп а вујко владика. Некој “тежок” камен.

Има и една друга, помодерна варијанта која во последно време се докажа како посебно успешна кога се работи за експресно стекнување на еден добро ситуиран живот.Во секоја смисла на зборот.За брз и економски раст на домашниот (семејниот) буџет најдобар и жив пример се малата група “македонски преродбеници” кои може да се избројат буквално на прстите од нозете. Типчиња како што се политичарите, новинарите, тв и останати лица кои слободно може да ги ставиме во категоријата на лица со посебни потреби. Нека не ве залажува нивната нашминкана “интелектуалност” пред тв камерите. Одвнатре се крие само ретардираност, незрелост и желба да бидат во фокусот.Тие побожници се спремни и родена мајка да продадат само да можат да бидат дел од таканаречената буржоаска фела која мамичето им го ебе редум, еве веќе години седум, на цела една два милионска нација. Со гаранција. Во нивното ораторство има симнување на ѕвезди, приказни за пристоен живот во општеството, удобни пензионерски денови, безбеден живот и соживот, отворени граници, раст на економијата, производство и извоз, светски лидери во нешто сме биле бреј. Види мајката.Земјо отвори се и голтни не сите. Топтан.

Интересен е нивниот говор, посебно кога се зборува за некакво лидерство. Да земеме еден пример од секојдневната наша немилосрдна реалност. Се зборува наоколу дека Македонија е светски лидер во реформи во здравството. Се согласувам. Не постои ниедна друга земја во светот каде пациентите умираат на клупите од ходниците во болниците.

Еве уште еден таков пример. Светски лидери сме и кога станува збор за емиграција на населението надвор од Македонија. Многумина тоа го доживуваат како евакуација. Има уште ред други вакви примери, но за тоа, во некоја друга прилика.

Историјата вели дека предавништвото било работа на времето. Некои локални ликови одамна ги чекаа овие денови за да покажат колкави се тоа патриоти и душегрижници.Одамна го чекаа и на крај дочекаа својот “император” да дојде конечно на престолот. Трнлив велат бил нивниот пат. Долго време нивните носеви биле напикани во нечии чмарови. Трпеле и прдење и серење од најразличен вид. Сега конечно начекаа идеални времиња за лечење на своите комплекси и трауми од минатото. Бесплатна е сега нивната терапија кога ви велам. Терапијата е на сметка на граѓанинот.

А граѓанинот пак е таков каков што си е.Тивок, мирен, кроток, без да се замери со некого. Ниту пак има желба да го стори тоа. Дури и во моменти кога и буквално нема ништо свое. Тој и понатаму ја носи кабурата на појасот за во случај да не дојделе некои многу лоши времиња. Бог да чува. Вели, за зорт за аман. Свести се бре човеку патен изнапатен. Тие времиња оддамна затропаа на твоите порти. На сите порти. Освен на оние предвреме “обележаните”. И се додека се думаш и чудиш кој пат да го фатиш (а очигледно е дека не знаеш кај тераш), возот за Аркадија ќе замине без тебе на него.

И потоа повторно онаа старата: ”Зошто токму јас боже мој? Зошто токму овде и сега? Одговорот на крајот на краиштата е многу прост и едноставен и вели дека господ и нема некоја врска со тоа. Всушност, тој ниту доаѓа во Македонија во ова време во годината. Од причина што постојано се обидува вешто да ја одбегне оваа “библиска” земја, тој полека и исчезнува од срцата на граѓаните. Омразата е таа која го заменува. За жал, сепак луѓе сме. Во природата наша е да мразиме.

Ај да направиме еве вака.Ти за него, тој за тебе. И на крајот за возврат што добивате? Слобода? Е не. Потајно некако сите ја бараме неа. Треба да знаеме дека слободата многу лесно може да ни биде одземена. Нам ни треба знаење, економија, математика, филозофија, наука…Тоа треба да се нашите адути во ракавот. Има мигови од нашите животи кога добриот мечувалец знае да згреши. Не значи дека тој секогаш победува. Тогаш го користме својот адут.

Верувам дека повеќето се сложувате дека живееме во едно затворено општество во кое едни немаат ништо, а други имаат се. Токму заради овие вторите, феудалците, Република Македонија моментално ја “отслужува својата затворска казна”. Граѓаните го плаќаат целиот цех на една мала група аристократи-роболадетели во чиј што речник и не постои попривлечен збор од “тиранија” и “патриотизам”.За жал тоа е реалноста. Таква ни е ситуацијата. Како да се носиме со тоа и да го живееме секојдневно? Тешко. Дали сакаме да ја смениме целокупната слика на подобро? Со задоволство.

Освета треба и мора да има, од причина што во последните години ни беа “украдени” животите. Освета треба да има, во некоја помодерна и подемократска форма. Е сега, некој ќе рече зошто мора да се одмаздуваме, што е со милоста? Епа драги мои, луѓе сме а не светци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.